„Никој не може да ја одбие Барселона“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пако Алкасер пред неколку дена потпиша за Барселона, каде што е претставен како нова аквизација.

Овој 23-годишен напаѓач, рече дека го оствари трансферот на животот, и не го криеше задоволството со доаѓањето на Ноу Камп.

„Ова отсекогаш сум го сонувал. Да играм за Барселона. Не знам дали некој може да одбие понуда од ваков голем клуб. Знам дека конкуренцијата во нападот е силна, но јас ќе се потрудам во секоја прилика да го дадам својот максимум“, рече Алкасер.

Да потсетиме, тој во редовите на Барса дојде од Валенсија и потпиша на пет години.