Никси најдоа замена за Дерик Роуз


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што стојат работите, изгледа дека Њу Јорк Никс најдоа ментор за Френк Н’иликина. Се работи за 31-годишниот Рамон Сешнс.

 

Откако истече договорот на Дерик Роуз беше јасно дека екипата на Никс во наредната сезона ќе има нов плејмејкер. Во склоп на таа одлука беше драфтуван и младиот французин Френк Н’иликина со осмиот пик годинава. Но раководството не беше подготвено да му ја додели целата одговорност на толку млад играч, па оттогаш бараа ментор за Френк.

Изгледа дека го најдоа токму тоа во бившиот играч на Шарлот Хорнетс, Рамон Сешнс. Искусниот бек потпиша едногодишен договор со тимот од Њу Јорк вреден 2,3 милиони долари.

 

Сешнс е докажан НБА ветеран со 10 години искуство зад себе. Од него се очекува да понуди солиден учинок од клупата и да му помогне на Н’иликина во процесот на учење на НБА стилот на игра.