Ниту Жалгирис не го запре Фенербахче – Перо Антиќ испиша историја и одигра фантастично


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на Фенербахче на домашен паркет го прегазија Жалгирис во последната четвртина и славеа со 82:68. во натпревар од третото коло од Евролигата.

    Стартот донесе менување на водствата на двете екипи. Со серија од четири поени кошаркарите на Фенербахче во последната минута првата четвртина ја добија со 28:24. На почетокот на втората четвртина домашните стигнаа до водство од 8 коша, 32:24. Турскиот клуб на полувреме замина со седум поени предност, 44:37. Кошаркарите на Жалгирис успеаа да ја намалат негативата на два поени, но потоа одиграа лошо и во последните десет минути од натпревар влегоа со негатива од седум коша, 63:56. Одличен настап на кошаркарите на Фенербахче во последната четвртина кога ги сомелија кошаркарите на литванскиот клуб. Домашните кошаркари во последната минута од натпреварот стигнаа до најголемото водство на натпреварот, 17 поени. На крајот кошаркарите на Фенербахче се израдуваа на новата победа и останаа непоразени по три кола, 82:68.

    Јан Весели и Екпе Јудо со по 14 поени беа најефикасни во тимот на Фенербахче. Македонскиот кошаркар, Перо Антиќ постигна 11 поени и испиша историја, 100 постигнати тројки во Евролигата. Лео Вестерман најмногу се истакна кај поразениот Жалгирис со 15 поени.