Ниту Фени Индустри не ја запре Сутјеска


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на Фени Индустри беа поразени од Сутјеска во натпревар од БИБЛ лигата со 79:71.

    Првата четвртина кошаркарите на Сутјеска ја добија со 24:17. До полувреме кавадарчани ја намалија предноста на четири поени, 42:38. Следуваше катастрофална игра на кошаркарите на ФЕНИ Индустри и во третата четвртина постигнаа само 11 поени, а примија 21. Во последната четвртина Сутјеска го одигра рутински за нова победа во БИБЛ лигата, 79:71.

    Шалиќ и Перовиќ со по 21 поен беа виновниците за победата на Сутјеска. Кај кавадарчани, Павиќ беше најефикасен со 21 поен.

    Фени Индусри во следното коло игра македонско дерби во БИБЛ против Карпош Соколи на домашен терен. Втор пораз за кавадарчани во четири одиграни натпревари.