Новиот галактикос на пат – Нов голем трансфер на релација Дортмунд – Мадрид


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Марка најавува голем трансфер на релација Дортмунд – Мадрид за следниот преоден рок.

На 19 години Осман Дембеле успеа да го полуди фудбалскиот свет и тоа за само пола година во дресот на Борусија Дортмунд. Милионерите направија фантастична работа кога во летото го купија од Рен бидејќи талентираниот крилен фудбалер го следат многу европски гиганти.

Дембеле оваа сезона запиша 15 настапи и постигна четири погодоци, а неговата форма не помина незабележана од тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Мадридска Марка соошти дека кралскиот клуб најверојатно ќе се обиде да го доведе Дембеле на лето. Чудно е како германскиот вицешампион лесно би се откажал од својот најталентиран фудбалер, но шпанскиот весник ја открива позадината на љубовта на релација Мадрид – Дортмунд.

Милионерите му должат на пари на Реал за Нури Сахин кој го купија во 2014-та година, а во Мадрид проценија дека им е подобро да не ги земаат парите од германците туку да ги држат блиску до себе да можат да им ги купуваат најдобрите фудбалери.