Нови обвинувања-  Уште петмина фудбалери на удар на даночната служба!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските власти ги обвинија денеска поранешните фудбалери на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, Анхел Ди Марија и Рикардо Карвањо за затајувањље на данок во периодот од 2009 до 2011 година, пренесува агенцијата Хина.

Шпанските власти нагласија дека овој случај нема врска со аферата “Фудбал линкс“” (Football Leaks), како и дека уште двајца се обвинети за затајување на данок, но нивните идентитети не се објавени, меѓутоа, шпанските медиуми пишуваат дека се работи за колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао и португалскиот дефанзивец Фабио Коентрао.

Чаби Алонсо од 2009 до 2014 година играше за Реал Мадрид, после што премина во Баерн од Минхен, додека Ди Марија го носеше дресот на кралскиот клуб од 2010 до 2014 година, а моментално е член на ПСЖ.

Карваљо во Реал играше од 2010 до 2013 година, а потоа три сезони го носеше дресот на Монако, а моментално е без клуб.

Коентрао е член на Реал од 2011 година, а минатата сезона ја помина на позајмица во Монако, додека Фалкао беше член на Атлетико Мадрид од 2011 до 2013 година.