Нови проблеми за Реал: Бензема ќе паузира две недели


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како да го преколна Реал Мадрид некој оваа сезона, во последно време само лоши вести има на Сантијаго Бернабеу.

Овој тим не успеа да постигне гол четири меча и е во катастрофална форма, а тренерот Лопетеги и покрај се доби информација дека Бензема е повреден.

„После објавените лекарски прегледи утврдено е дека Бензема ја повредил десната тетива. Ќе продолжиме да го пратиме неговото опоравување“, се наведува во соопштението на Кралевите.

Нема официјална информација колку Бензема ќе паузира, но судејќи според се, ќе се врати за 15 дена, а единствена позитивна работа за Реал е што следи репрезентативната пауза.