Нов белгиец на мета на Милан!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што стојат работите, челниците на италијанскиот гигант Милан немаат намера да престанат со трошење пари на засилувања. Последен играч кој се појави на нивниот радар е младиот белгиец Леандер Дендонкер.

 

Според тврдењата на белгиските медиуми, скаути на Милан повеќепати биле на натпреварите на Андерлехт со цел да го следат 22-годишникот од средниот ред. Од истите извори дознаваме дека скаутите на Милан се вратиле во Италија многу задоволни од прикажаното и се очекува во наредниот период да биде доставена и официјална понуда за играчот.

Вредноста на Дендонкер се проценува некаде помеѓу 25 и 30 милиони евра, но раководството на Андерлехт нема да сака да го пушти така лесно овој талентиран дефанзивен играч од средината на теренот.

 

Минатата сезона Леандер Дендонкер настапи на 30 лигашки натпревари и успеа да постигне 3 гола за тимот на Андерлехт, кој беше шампион во белгиската Јупилер Про Лига.