Нов голем трансфер на Јувентус?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Александре Лаказет може кариерата да ја продолжи во Италија.

Според наводите на француските медиуми, интерес за 25-годишниот напаѓач покажува торински Јувентус и тој во наредното лето може да го облечи дресот на Старата дама.

Ѕвездата на Лион вќе порано се поврзуваше со многу бројни европски гиганти.

Најмногу се споменуваше Арсенал, но до трансфер никогаш не дојде.

Меѓутоа, Лаказет е спремен на заминување што неодамна и самиот потврди.

„Мислам дека дојде време да заминам. Сакам да се пробам некаде на друго место, сакам да ја променам средината. Јас ќе продолжам да работам и ќе чекам вистинска шанса“, истакна Лаказет.

Јувентус е спремен за одличниот напаѓач да издвои околу 40 милиони евра. Него актуелниот договор со Лион го врзува до 2019 година, а во оваа сезона Лаказет игра навистина одлично и постигна 21 погодок во 24 настапи во сите натпреварувања.

Неговото доаѓање во Торино значи и веројатно заминување на хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ.

epa05681684 Alexandre Lacazette of Olympique Lyonnais reacts during the French Ligue 1 soccer match, AS Monaco vs Olympique Lyonnais , at Stade Louis II, in Monaco, 18 December 2016. EPA/SEBASTIEN NOGIER