Нов кикс на Граѓаните овој пат против Саутемптон


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Манчестер Сити повторно киксна, поради тоа што на Итихад одигра 1:1 во мечот од деветтото коло од англиската Премиер лига.

    Сити во последно време не игра баш најдобро, а во првенството веќе три натпревари не знае за победа, додека во меѓувреме тешко се поразени од Барселона во Лигата на шампионите.

    Во 27 минута Саутемптон дојде до водство, кога Нејтан Редмонд ја испрати топката во домашната мрежа.

    Брзо Џон Стонс погоди за 1:1, но неговиот погодок е поништен поради недозволена позиција. Гвардиола на полувреме го внесе младиот Ихеаначо, кој во 10 минута од продолжението на уфрлување на Лерој Сане заби за 1:1 и така ги спаси Граѓаните од пораз.

    Граѓаните продолжуваа со нападите, имаа некои добри шанси, но не успееја да дојдат до победа.

    Сити и со овој бод е прв, а има 20 бодови, колку што имаат Арсенал и Ливерпул. Саутемптон е осми со 13 бодови.