До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Повредите отсекогаш претставувале голем проблем за Арсенал, овој пат може да му го загорчат животот пред големиот меч.
После репрезентативната пауза не очекува вистински настан во Премиер лигата. Манчестер Јунајтед на својот Олд Трафорд ќе го дочека Арсенал, Мурињо ќе „удира“ на својот „редовен муштерија“ Арсен Венгер.
Како тоа да звучи, факт е дека францускиот стратег сеуште не ја пронајде формулата како да го совлада португалскиот стручнак (13 мечеви, седум пати славеше Мурињо, шест реми).
Сепак, двата тима нема да излезат во најдобри состави. Во дресот на Јунајтед нема да го видиме Ибрахимовиќ, поради суспензија против Свонси, додека од друга страна сигурно ќе отсуствуваат два важни првотимци.
Уште од пред неколку дена е познато дека Ектор Белерин доживеа повреда и дека дефинитивно ќе го пропушти дуелот на Театарот на соништата, а сега Венгер доби нов удар.
Поранешниот играч за врска на Виљареал и Малага Санти Казорла, кој во оваа сезона е одличен во дресот на Топџиите, нема да се врати на терените се до декември, после што заработи повреда во мечот против Лудогорец во рамките на Лигата на шампионите.
Работите може да бидат многу полоши по Арсенал, бидејќи Алексис Санчез доживеа повреда на тренингот со репрезетнацијата на Чиле, а на крајот се испостави дека поранешниот играч на Барселона не е сериозно повреден, се очекува да заигра во дресот на репрезентацијата и против Уругвај.
Значи, Венгер нема да може да смета на Белерин и Казорла, Мурињо остана без помош на Ибрахимовиќ, ќе видиме за какви состави ќе се одлучат тренерите на Арсенал и Манчестер Јунајтед.















