До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Набрзиот човек на светот Усеин Болт е голем љубител на фудбалот, а познато е дека има голема желба да се проба како професионален фудбалер.
Болт е верен навивач на Манчестер Јунајтес со кој тим и тренираше во неколку наврати. Јамајкчанецот пред неколку недели претстојуваше во Дортмунд каде што истотака тренираше со оваа екипа.
Болт е уверен дека еден ден ќе заигра во дресот на Дортмунд.
Пред неколку дена играчот на Дортмунд Пјер Емерик Обамејанг изјави дека се надева дека Болт ќе се врати бидејќи сака да му докаже дека тој е најбрз човек на светот.
„Тој знае дека не може да ме победи. Тоа јасно како ден“, кратко одговори Болт.















