Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Депортиво Ла Коруња ремизираа Риазор против Атлетико Мадрид во натпревар од 25-то коло во Ла Лига, 1:1.
Голманот на Атлетико Мадрид, Облак направи голема грешка, а тоа го казни Андоне кој ги израдува домашните навивачи. Какута имаше шанса за зголемување на водството на Депортиво, но шутираше непрецизно.
Лукс во 33-та минута го одбрани ударот на Кореа. Филипе ја погоди стативата, а топката се одби до Гризман кој постигна фантастичен погодок за израмнување, 1:1.
Голманот на Депортиво фантастично го одбрани ударот на Торес и на крајот двата клуба ги поделија бодовите, 1:1.
Ла Коруња после ова реми се наоѓа на 17-та позиција со еден бод повеќе од зоната за испаѓање, а јорганџиите останаа на четвртата позиција со девет бода помалку од третопласираната Севиља и еден повеќе од Реал Сосиедад кој е пети.