Обрадовиќ: “Не можам да се замислам себеси против Србија”


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот тренер кој е деветкратен освојувач на кошаркарската ЕвроЛига, Жељко Обрадовиќ, ја откри вистинската причина поради која ги одбива понудите за менаџирање на национални тимови.

 

Во интервју за српскиот портал “Блиц” тој го изјави следното:

“Добивав понуди да водам неколку национални состави, од Европа и од другите континенти. И ги одбив сите! Не можам да се замислам себеси на клупата на друг национален тим. Играјќи против Србија? Не можам. Кога се работи за клуб, тогаш е различно.”

 

Во интервјуто Обрадовиќ имаше и неколку збора за неодамнешната преселба на Богдан Богдановиќ во НБА лигата:

“Богдан е неверојатно амбициозен. На крајот на сезоната имавме искрен разговор. Тој ми кажа што сака и наиде на тотално разбирање од моја страна. Претходно му кажав дека која одлука и да ја донесе, јас сум на негова страна. Тој оди во Сакраменто Кингс за да биде лидер. Искрено верувам дека ќе успее затоа што знам колку е посветен и колку работи на себе. Од срце му посакувам успеси.”

 

Жељко Обрадовиќ и Богдан Богдановиќ беа дел од тимот на Фенербахче кој ја освои ЕвроЛигата во сезоната 2016/2017.