Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Панел составен од легенди на светскиот фудбал ја изгласа листата од 12 тренери кои ќе се борат за наградата “Најдобар тренер на годината” од ФИФА.
Кандидатите се следните:
- Масимилијано Алегри (Јувентус – ИТА)
 - Карло Анчелоти (Баерн Минхен – ИТА)
 - Антонио Конте (Челзи – ИТА)
 - Луис Енрике (Барселона – ШПА)
 - Пеп Гвардиола (Манчестер Сити – ШПА)
 - Леонардо Жардим (Монако – ПОР)
 - Јоаким Лев (репрезентација на Германија – ГЕР)
 - Жозе Мурињо (Манчестер Јунајтед – ПОР)
 - Маурисио Покетино (Тотенхем – АРГ)
 - Диего Симеоне (Атлетико Мадрид – АРГ)
 - Тите (репрезентација на Бразил – БРА)
 - Зинедин Зидан (Реал Мадрид – ФРА)
 
Победникот ќе биде одлучен преку гласање на четирите најважни фактори во фудбалот: селекторите на националните тимови, капитените на националните тимови, избраните медиумски претставници и фановите. Фановите можат да го дадат својот глас преку официјалната веб-страна на ФИФА.
Добитникот на наградата ќе биде објавен на гала вечерта на ФИФА, која ќе се одржи во Лондон на 23 октомври 2017 година.
            














