Објавен составот на Шпанија за претстојните квалификациски натпревари, добро познато име назад во составот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

Помеѓу шпанските репрезентативци повикани за натпреварите против Италија и Лихтенштајн се најдоа неколку нови имиња, но и едно добро познато име кое одамна го немавме видено во репрезентативниот дрес.

 

Давид Вилја е назад во шпанската репрезентација! Напаѓачот се најде во изборот на селекторот Хулен Лопетеги за претстојните квалификациски мечеви и ќе настапи за селекцијата на Шпанија првпат по 2014 година.

Целосниот состав изгледа вака:

Голмани: Давид Де Геа, Пепе Реина, Кепа Аризабалага.

Одбрана: Жорди Алба, Цезар Азпиликуета, Марк Бартра, Дани Карвахал, Начо Фернандез, Начо Монреал, Жерард Пике, Серхио Рамос.

Среден ред: Иско Аларкон, Тиаго Алкантара, Серхио Бускетс, Сусо, Давид Силва, Иниеста, Саул Њигуез, Коке.

Напад: Давид Виља, Витоло, Марко Асенсио, Иаго Аспас, Алваро Мората, Педро Родригез, Жерард Деулофеу.

 

Шпанскиот национален состав ќе ги одмери силите најпрво со Италија на 2 септември, па потоа со Лихтенштајн на 5 септември.