„Ова е една од најубавите ноќи во мојата кариера“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лацио вечерва пред своите навивачи одиграа одличен меч и на крајот со високи 2:0 го совлада лутиот ривал Рома.

Домаќините поведоа во 29 минута преку Милинковиќ Савиќ, додека конечните 2:0 во финишот од натпреварот ги постави Чиро Имобиле.

После вечерашниот натпревар Имобиле изјави дека ова беше еден од најдобрите натпревари во неговата кариера, и дека е пресреќен што Лацио после осум натпревари во низа успеа да ја совлада Рома.

„Навивачите од нас бараа да го оставиме срцето на терен и тоа го направивме. Ова е еден од најдобрите ноќи во мојата кариера. Благодарам на соиграчите и навивачите што беа на ниво цел меч. Имаме добар резултат, но остана уште реваншот и не треба да се опуштиме“, рече Имобиле.