До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид Диего Симеоне наговести дека е спремен за промена во кариерата.
Управата на клубот и Симеоне во минатиот месец постигнаа договор со скратување на неговиот договор за две години, што значи дека Аргентинецот на Винсенте Калдерон ќе остане до 2018 година. Таквиот потег само ги подгреа шпекулациите за тоа дека веќе размислува за кариера после Атлетико.
„Подобро е да се подготвувате за сегашноста, тоа е најдобар пат за напредок. Во иднина ќе има нови работи и мораме да бидеме спремни кога ќе дојдат. Тоа е предизвик за сите нас, не прави уште посилни. Морате да бидете спремни за промена“, рече Симеоне за шпанска Марка.
Медиумите Симеоне го поврзуваат со Интер, каде што помина две години како играч, а имаше шпекулации дека ќе ја преземе репрезентацијата на Аргентина.
Диего Симеоне во Атлетико дојде во 2011 година и досега со тој клуб освои една титула во Примера, еден Куп на Кралот, Суперкуп на Шпанија, трофеј во Лига Европа и УЕФА Суперкуп.
Покрај тоа, два пати стигна до финалето на ЛШ.















