Ова е тимот кој би сакале да го видиме заедно! УЕФА ги избра фудбалерите кои најмногу напредуваа во 2016-та година


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


УЕФА ги избра фудбалерите кои најмногу напредуваа во 2016-та година.

Понекогаш изборите за најдобриот состав на годината се досадни бидејќи некои работи ретко се менуваат, па од година во година во таквите избори ги гледаме истите фудбалери. Поради тоа ова беа поразлични избори и повеќе забавни.

Така УЕФА го објави составот составен од фудбалери кои најмногу напредуваа оваа година.

Најмногу причина за сон за голема иднина имаат навивачите на Борусија Дортмунд која во овој состав има три фудбалери. По два доаѓаат од Барселона и Баерн Минхен, а по еден фудбалер има од ПСЖ, Бенфика, Монако и Порто. Тука е и еден претставник на Реал, тренерот Зинедин Зидан, а овој состав навистина би сакале да го видиме заедно иако знаеме дека тоа нема да се случи.

 

Алфонсо Ареола(ПСЖ), Серџи Роберто(Барселона), Самуел Умтити(Барселона), Виктор Линделоф(Бенфика), Томас Лемар(Монако), Џошуа Кимих(Баерн Минхен), Ренато Санчез(Баерн Минхен), Рафаел Гереиро(Борусија Дортмунд), Кристијан Пулишиќ(Борусија Дортмунд), Андре Силва(Порто), Осман Дембеле(Борусија Дортмунд)

Тренер – Зинедин Зидан(Реал Мадрид)