До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Милан мора да се засилува, почувствуваа шанса, но е нереално во јануари да стигнат големи имиња. Сепак, на тренерот на Росонерите е јасно каде мора да доведе нови играчи…
На Милан добро оди во шампионатот, но првенството е долго, се чини дека Монтела нема доволен број на играчи.
Шансата се почувствува, преземањето на клубот од страна на кинеските сопственици ќе биде завршено во оваа есен, па Росонерите можат да имаат богат лов во јануари.
Тренерот на Монтела бара да се доведат најмалку три квалитетни играчи.
Потребна му е замена за повредениот Монтоливо, се зборува за Фабрегас, но е тешка мета, поради тоа што Шпанецот не сака надвор од Англија.
Поради тоа пореална е варијантата на пуленот на Монтела од Фиорентина, Милан Бадељ, Хрватот сака во Милан, но Виолетовите бараат 15 милиони.
Росонерите сакаат и крилни напаѓачи, Белараби од Леверкузен е мета, се споменува уште Набил Фекир кој го гледаа против Јувентус во Тирино во средата, како и Бадел Кеита кој не се договори околу нов договор со Лацио.
Ако не успеат да ангажираат некои звучни имиња, во Милан ќе се свртат на се подобриот Чех Крејчи од Болоња.
Цел е Нианг и Сусо да добијат алтернативи, но и Милан да ја засили конкуренцијата што ќе биде клуч во текот на пролетта…















