Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако ФИФА му забрани на Реал Мадрид да донесува засилувања во следните два трансфер периоди, управата на „кралскиот“ клуб ширум Европа бара потенцијални засилувања.
Две имиња особено се издвојуваат како потенцијални засилувања на „кралевите“, а претседателот Флорентино Перез веќе има план.
Еден од нив е напаѓачот на Борусија Дормтунд, Пјер-Емерик Обамејанг. Тој би можело да го чини тимот од Мадрид повеќе од 60 милиони евра, а Борусија соопшти дека е подготвена за преговори.
Нов член на Реал би можело да стане и Гелсон Мартинс. Овој 21-годишен фудбалер е член на Спортинг и привлече големо внимание на себе со одличните игри.
Споменатиот играч на Спортинг би можело да ги чини „кралевите“ повеќе од 40 милиони евра, па дуото наскоро би можело да го облече дресот на еден од најголемите клубови во светот.