Ова се најдобриот менаџер и најдобриот играч за месец септември во ПЛ


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Фудбалерот на Тотенхем, Сон е прогласен за најдобар играч за минатиот месец во Премиер лигата.

    Сон во минатиот месец постигна четири гола, и беше избран за играч на месецот септември во Англија, преде Тео Волкот (Арсенал) и Адам Лалана (Ливерпул).

    Наградата за најдобар менаџер му припадна на Германецот Јирген Клоп, чиј Ливерпул во септември славеше против Лестер, Челси и Хал Сити.

    Клоп зад себе ги остави Пеп Гвардиола од Манчестер Сити и Алан Пердју од Кристал Палас.