Ова се петте најдобри млади фудбалери во Шпанија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кои се најдобрите млади фудбалери кои играат во Шпанија?

Одговорот на ова прашање се обиде да го даде една фудбалска страница која ги издвои петте најдобри млади фудбалери кои ќе бидат иднина на шпанскиот фудбал.

Енцо Зидан, Реал Мадрид

21-годишниот син на Зинедин Зидан минатиот месец дебитираше за првиот тим на кралскиот клуб во купот на кралот и го постигна својот прв погодок за Реал после 18 минути игра. Енцо треба стрпливо да ја чека својата шанса, а ако покаже барем половина од талентот на татко му од Енцо можат да се очекуваат големи работи.

 

Лукас Хернандез, Реал Мадрид

Диего Симеоне има големо мислење за 20-годишниот французин кој може да игра како дефанзивец и лев бек. Хернандез во Атлетико има шанса да учи од фантастични фудбалери како Годин и Луиз, а играше и во финалето во ЛШ. За неколку години би можел да биде еден од најдобрите дефанзивци во светот.

 

Денис Суарез, Барселона

Суарез има 22 години, но има искуство бидејќи играше во поголем број на клубови. Освен во Барселона играше во Манчестер Сити, Севиља и Виљареал. Често го споредуваат во Чави, ја носи неговата шестка, а аналитичарите како негова најголем предност ја сметаат можноста за брза трансформација од одбрана во напад.

 

Мики Ојарзабал, Реал Сосиедад

Овој 19-годишен крилен фудбалер оваа сезона не одигра многу незаборавени натпревари, но својата игра минатата година покажа зошто го сметаат за еден од најдобрите млади шпански фудбалери. Ова лето беше посакуван од многу клубови, а најгласен беше Атлетик Билбао, но остана во Сан Себастијан.

 

Диого Жота, Атлетико Мадрид

Тој формално не е во Шпанија бидејќи е позајмен на Порто, но не смее да се заобиколи неговиот потенцијал бидејќи Жота во следните неколку години би можел да биде ѕвезда во Примера. Во Португалија е во стартниот состав, игра одлично и се покажува како голем потенцијал кој во следните години би можел да експлодира.