Ова се чекаше! Најдобриот играч на Примера не е од Реал и Барса!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Врвот на доделувањето на наградите конечно стигна, прогласен и најдобриот играч на Примера за минатата сезона 2015/16.

    Доделени се наградите за најдобар играч за врска, повеќе ТУКА, како и за најдобар голман, дефанзивец и најголемо откритие за оваа сезона, за тоа повеќе ТУКА.

    Потоа е доделена и наградата за најдобар странски играч како и за најдобар напаѓач во лигата, двете награди завршија во Барселона а повеќе за тоа ТУКА.

    Прогласен е и најдобар играч на Примера за претходната сезона, а во прашање е францускиот напаѓач од редовите на Атлетико Мадрид Антоан Гризман!

    Одличниот Французин има сезона од соништата позади себе, постигна 22 гола и запиша пет асистенции. На својот грб го одведе Атлетико до финалето на ЛШ, а ги држеше со своите голови и Јорганџиите во борба за титула до самиот крај.

    Покрај него, во црно-белиот“ дел на Мадрид отиде и наградата за најдобар тренер на годината. Диего Симеоне ја понесе ласкавата награда, иако неговата екипа заврши како треба на табелата со 88 освоени бодови.

    Откритие на сезоната е фудбалерот на мадридски Реал Марко Асенсио, кој во минатата сезона го носеше дресот на Еспањол како позајмен играч на кралскиот клуб.