Одговорот на Барса – Нов договор за аргентинецот


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Еве ги и каталонците.

    Не е само Реал Мадрид во акцијата продолжување на договори.

    Аргентинскиот фудбалер, Хавиер Маскерано ќе го продолжи договорот со Барселона за уште една сезона, потврди спортскиот директор, Роберт Солер.

    Маскерано на Камп Ноу стигна во 2010-та година од Ливерпул и досега има одиграно 289 натпревари.

    Овој 32-годишен фудбалер играше и за Ривер Плата, Коринтијанс и Вест Хем како фудбалер за врска, но кога стигна во Барселона, Пеп Гвардиола го прекомандува во дефанзивец.

    Со каталонците освои 16 титули од кои четири во Примера и две во ЛШ.

    За репрезентацијата на Аргентина има одиграно 133 натпревари.