Одговор за Милер од Сан Марино: Ова се момци кои ги следат своите соништа, а не вашите правила!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Директорот на ПР службата на фудбалскиот сојуз на Сан Марино Алан Гасперони напиша соопштение кое веќе одекна во Европа и предизвика многу позитивни коментари.

    Изјавата на Томас Милер за тоа дека не сфаќа за што служат мечевите со аматерски селекции како Сан Марино тешко падна на љубителите на најважната споредба работа на светот во малата на држава на источниот дел на Апенините.

    Напаѓачот на Баерн и репрезентацијата на Германија не успеа да постигне ниту еден од осумте голови на Панцерите во Серавале, после што изрази незадоволство.

    „Мечевите како овој наш сосед со Сан Марино немаат никаква врска со професионалниот фудбал. Не ја разбирам целта на натпревар како овој. Поготово во ваков згуснат календар на натпреварување“,рече Милер.

    Директорот на ПР службата на локалниот фудбалски сојуз Алан Гасперони напиша соопштение кое веќе одекна во Европа и предизвика многу позитивни коментари.

    „Драг Томас,

    Имаш право, натпревар како овој петок навечер не значи ништо. Барем на тебе. Од друга страна, драг Томас, не мораш да дојдеш во Сан Марио во викенд без Бундеслига. Таа вечер можеш да ја поминеш во сопругата на кауч во вашата луксузна вила или можеби на некоој друг настан кој го организира твојот спонзор и каде што на сметка на твоето присуство ќе инкасираш неколку десетина илјади евра.

     

    Ти верувам, но дозволи ми да ти дадам десет добри причини поради што натпреварот Сан Марино – Германија ќе ти биде од корист, ако само ме послушаш, со драга воља сакам да го слушнам твоето размислување.

    1.Овој меч добро ти дојде затоа што покажа дека не можеш да постигнеш погодок дури ни против слабите екипи како што е нашата. И немој да речеш дека не се изнервира и кога Симончини ти го блокираше шутот за гол.

    2.  Овој меч послужи на твоите менаџери (дури и Бекенбауер и Румениге) да им докажеме дека не се ексклузивни „сопственици“ на фудбалот, туку се вистински сопственици тие кои го сакаат фудбалот, а дали ти се допаѓа тебе или не – припаѓаме и ние.

    3.Овој дуел послужи на стотина новинари од Европа и светот да се посетат дека постои екипа која ги следи своите соништа, а не вашите правила.

    4.Овој дуел послужи на вас Германците дека вас ве потсетува дека некои работи никогаш не се менуваат,  и дека вас историјата ве научи дека насилничкиот пристап не е секогаш гарант дека работите се такви какви што што насилникот сака да ги прикажи.

    5.Овој меч послужи за двесте луѓе во Сан Марино да ги слушаат тренерите и да работат најдобро што може. Кој знае, еден ден таа напорна работа еден ден ќе се исплати како  награда во вид нартпревар против светски шампион.

    6. Овој дуел ќе послужи и за твојот Сујуз ( и нашиот истотака) да соберат пари од ТВ права од што може да ги наплати своите маки за патување, а Сојузот може да изгради терен за деца, училиште и да ги направи стадионите посигурни. Ќе споделам тајна, нашиот Сојуз гради нов тренер во зафрлено село наречено Аквавива. Ти можеш да изградиш од шест заработени плати, а ние ќе изградиме од парите кои ги добивме за 90 минути натпревар со вас. Не е лошо, зарем не?

    7. Овој дуел послужи за државичка која е нешто поголема од твојот терен во Минхен за неа да се зборува од добри причини, бидејќи фудбалскиот натпревар отсекогаш претставува добра причина.

    8.Овој дуел ќе послужи на твојот пријател Гнабри, кој на своето репрезенативно деби постигна хет-трик.

    9. Овој дуел ќе послужи за народот на Сан Марино да се почувстувва и потсети дека поседува вистински национален тим.

    10.На крајот, овој дуел ќе послужи дека се потсетам дека под сите тие најубави Адидас тренерки кои ги носиш секогаш ќе останеш тој тип со сандалки  преку бели чорапи.

    Со љубов, вашиот Алан.