Одегард покажа што знае! Во една акција исфрли шест фудбалери на Атлетик (ВИДЕО)


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Норвежанецот заблеска. Но, не до крај.

    Дали го заборавивте Мартин Одегард? За норвежанецот во последните години многу се пишуваше, но ги нема оправдано очекувањата. Иако дебитираше за првиот тим на Реал, Одегард беше прогласен за големо промашување.

    Иако Одегард сакаше ова лето да замине на позајмица од Реал, тој остана во Кастиља, вториот тим на Реал Мадрид со кој игра во третата лига. Таму е редовно е стартер, а на натпреварот против Атлетик Билбао со еден потег го покажа неговиот талент на теренот.

    Одегард ја зеде топката од 40 метри од својот гол. Со жонглирање исфрли тројца фудбалери, во трк со дриблинг се ослободи со уште тројца, се намести на удар на дваесетина метри од голот и му ја подаде топката на противничкиот голман. Едноставно немаше сила за завршниот удар.