Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ливерпул во понеделник во дербито против Манчестер Јунајтед ќе има посебен спонзор.
„Seeing is Believing“ ќе пишува на предната страна на дресовите на Ливерпул, на местото на главниот спонзор „Standard Chartered“. На овој начин во Ливерпул сакаат да ја подигнат свеста и да се соберат средства за борбата против слепоста.
Ова е потег за почитување од страна на англискиот гигант, а со ова Ливерпул покажа дека навистина е голем клуб.
Пред неколку дена беше Светскиот ден на видот, а овој ден се обележува секоја година.