Одлични вести за Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот дефанзивец, Пер Мертесакер денеска одработи тренинг по неколку месечната пауза.

Оваа сезона Мертесакер (32) поради повреда на коленото не одигра ниту еден натпревар, а според информациите од медицинскиот тим на Арсенал, закрепнувањето се одвива добро и од денеска повторно тренира со тимот.

Нема сомнеж дека Мертесакер по закрепнувањетро ќе го даде својот максимум за да му се наметне на Венгер, бидејќи на крајот на сезоната му истекува договорот, а за време на неговото отсуство многу посигурно во одбраната делуваше Мустафи.

И самиот Мертесакер најави дека сака да го продолжи договорот со Арсенал.