ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Фудбалерот на Ливерпул, Адам Лалана закрепна од повредата и ќе биде подготвен за гостувањето против Борнамут во Премиер лигата.
Тој се враќа во времето кога долго време ќе отсуствува Филипе Кутињо.
Лалана тренираше денеска со полн интензитет со остатокот на тимот, за прв пат откако заработи повреда на препоните во пријателскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Англија и Шпанија (2:2) на средината на минатиот месец.
Ливерпул во следните пет недели ќе биде без Кутињо, а покрај враќањето на Лалана, добра бест за менаџерот Јирген Клоп е и што Роберто Фирмино и Дивок Ориџи не заработија сериозна повреда против Лидс во Лига Купот.
Фудбалерите на Ливерпул ја делат втората позиција на табелата во Премиер лигата со Манчестер Сити, а заостануваат бод зад лидерот Челси.