Одлични вести за Реал Мадрид

    Шпанските медиуми пишуваат дека Серхио Рамос ќе биде подготвен за претстојното дерби против Атлетико Мадрид.

    Рамос по повеќе од еден месец пауза, закрепна од повредата на коленото и ќе биде подготвен за градското дерби против Атлетико, кое на распоредот е во сабота.

    Веста за неговото враќање секако е охрабрувачка за менаџерот на Реал, а нема сомнеж дека ова ќе донесе и дополнителна доза на самодоверба во соблекувалната бидејќи Рамос никогаш во досегашната кариера не загубил на „Висенте Калдерон“.

    Потсетуваме, Рамос се повреди на 9. октомври во натпреварот помеѓу Шпанија и Албанија.