Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Екипата на Рома е во потрага по засилувања на бековсите позиции во јануарскиот трансфер период.
Нови членови на „волчицата“ би можеле да станат француските фудбалери, Бакари Сања и Гаел Клиши, кој во моментов се членови на Манчестер Сити.
На двајцата фудбалери договорот со „граѓаните“ им истекува на лето следната година, а клубот нема во план да ја продолжи соработката со нив.
Клубот ќе се обиде на зима да ги продаде, а Рома е сериозно е заинтересирана за двајцата наведени фудбалери. Многу веројатно е овие фудбалери на зима да ги видиме на „Олимпико“, а Рома со нив секако би била посилна.