Од Интер тврдат: Апсурд е дека ќе го доведеме Коста


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Спортскиот директор на Интер Пјеро Аусилио смета дека е глупост дека неговиот тим ќе понуди 50 милиони фунти за Диего Коста.

    Британските медиуми објавија дека Интер “фрли око“ на Коста и дека богатите сопственици од овој клуб ќе понудат 50 милиони фунти, но од Интер сметаат дека нема врска со вистината.

    „Да се зборува за тоа е апсурдно, веќе имаме многу добар напаѓач, а ни требаат засилувања на некои други позиции“, рече Аусилио.