Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Американската скијачка Линдзи Вон синоќа во Њујорк го следеше финалето на УС опен помеѓу Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин Дел Потро.
Финалето му припадна на Ѓоковиќ со 3-0 во сетови и заслужено дојде до 14. Гренд Слем титула во кариерата.
Атмосферата на трибините беше вжештена, а неверојатна поддршка имаше Дел Потро. Исто така, на трибините можевме да видиме познати личности, а меѓу нив беше и американската скијачка Линдзи Вон.
Сепак, на американските медиуми не им беше јасно зошто носеше наочари за сонце кога Ноле и Делпо играа под затворен кров. Се чини дека пробуваше да се сокрие, но не и успеваше.