Од Монако стигна обвинување на сметка на Јунајтед и Челси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Монако Вадим Васиљев зборуваше за Радамел Фалкао.

Колумбиецот се врати во Монако и добро ја отвори сезоната после очајната последна сезона на Островот.

„Два клуба во Англија н успееја да го оживеат Фалкао. Не знам, можеби и Јунајтед или Челси немаа доволно трпение и желба да му помогнат на Радамел, но сигурен сум дека во оваа сезона ќе уживаме во неговите голови“, рече Васиљев, и додаде:

„Тој е истиот Фалкао како и секогаш. Го видовме тоа порано во оваа сезона. Мотивиран е, мислам дека оваа ќе биде негова година“.