Од Реал Мадрид очајно бараат млад голман за наредните сезони


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

 

Кејлор Навас најверојатно ќе биде изоставен во сезоните кој што надоаѓаат, односно ќе му биде одземен дресот со бр. 1, затоа што управата на Реал Мадрид и самиот Зинедин Зидан се повеќе веруваат во младиот Кoста Рикан.

Според шпанскиот весник Марка, следната сезона ќе ја брант Навас и Кико Касиља, но веќе за наредните од клубот размислуваат за големи промени на голманската позиција, а како наследници на Навас се споменуваат Донарума, Куртоа и Кепа Аризбагалда.

Иако Донарума потпиша нов договор со Милан, тоа не мора да значи ништо за сезоните што надоаѓаат, бидејќи кога Реал ќе понуди астрономска сума таа не може да се одбие.

Куртоа има уште една година договор со Челзи, но преговорите не одат баш најдобро па така и тој будно чека понуда од Реал Мадрид.

Иако сеуште е доста рано да се зборува, еден од тројцата голмани може да биде новата голема аквизиција на Реал Мадрид.