Олимпијакос се избори за мајсторка против Ефес


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Олимпијакос победија во Истанбул против Анадолу Ефес во четвртиот натпревар во четвртфиналето во Евролигата, 62:74.

Домашните подобро започнаа и стигнаа до двоцифрена предност на средината на првата четвртина. Ефес ја одржуваше предноста во вториот дел, но гостите се разиграа и успеаа да намалат до три негатива на полувреме, 38:35.

Во третата четвртина гостите од Пиреја направија пресврт, а во последните десет минути го надиграа ривалот и заслужено победија, 62:74.

Спанулис со 18 поени го предводеше Олимпијакос. Принтезис додаде 11 поени, а кај Ефес најмногу се истакна Џејсон Грејнџер со 17 поени.