Откриено – После смената на Бенитез, Реал го пробуваше невозможното!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Сигурно тоа ќе беше еден од најголемите шокови во историјата на играта. Јасно, ова и за Флорентино Перез ќе беше премногу!

    Флорентино Перез сакаше веројатно да зададе одлучувачки удар на Барселона.

    Претседателот на Реал после смената на Рафа Бенитез кој потрае седум месеци, сакаше да го доведе ни помалку, ни повеќе, Пеп Гвардиола.

    Зидан наводно беше привремено решение, на летото требаше да следи веројатно транерски трансфер на векот, но Пеп се заблагодари на понудата.

    Тој преку својот брат Пере, порача дека своето минато никако нема да може да го тренира Реал.

    Подоцна Зидан ја освои европската круна и остана неочекувано на круната. Иако во Реал тоа не го признаваат, во текот на целата пролет се размислувало за тренер, прва мета беше Макс Алегри од Јувентус, наводно немал шанси тој да ја промени средината.

    Како кандидати фигурираа Тухел од Дортмунд, а во некои комбинации беше и Лоран Блан за кого се знаеше дека од Пари Сен Жермен. Се споменуваше и Унај Емери, но тој веќе се договори со Парижаните.

    И сега се зборува дека, ако не ја врати титулата, Зидан кратко ќе трае во Реал и дека Перез сака ново лице, но истата идеја ја имаше и во минатото лето, па Французинот никако не треба да се отпишува.