Официјализиран преминот на Суарез во Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал се мачеше за време на зимскиот преоден рок да донесе квалитетно засилување, тренерот Емери изјави дека клубот нема пари за сериозни засилувања, а во обзир доаѓаат само позајмици.

Го сакаа Денис Суарез, со кој шпанскиот тренер соработуваше во Севилја но Барса веднаш посака да го продаде или да го обврза Арсенал да го откупи по истекот на позајмицата.

На крај пронајдоа компромисно решение, играчот за врска потпиша нов договор со Барселона и соработката ја продолжи до 2021 горина, а сега официјално пристигна на Емиратите.

Суарез во Северен Лондон ќе игра како позајмен играч до крајот на сезоната, а потоа Топџиите ќе имаат можност да го откупат неговиот договор од Каталонците.

Овој 25 годишен играч за врска со Емери веќе соработуваше во Севилја во 2015 година кога ја освоија Лигата на Европа.

Ова инаку не му е прв пат да биде во Англија, тој има поминато две години во Манчестер Сити, но запиша само еден настап во Лигата купот за Граѓаните.

На Камп Ноу запиша 71 настап за три сезони со првиот тим, постигна осум голови и подигна пет трофеи, Примера, два Купови на кралевите и два Суперкупа на Шпанија.