Официјална потврда: Манчестер Јунајтед без големата ѕвезда против Челси


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Манчестер Јунајтед доживеа голем хендикеп пред денешното дерби во Премиер лигата против Челси.

    На „Стемфорд Бриџ“ денеска ќе се одигра големото дерби на англискиот фудбал, а тој меч ќе го пропушти капитенот на гостите, Вејн Руни поради повреда на мускулот. Иако на почетокот се мислеше дека ќе биде подготвен, последните информации покажуваат дека нема шанси тој да се најде на теренот денеска.

    Тој повредата на мускулот ја доби за време на натпреварот во Лигата на Европа во кој Манчестер Јунајтед го победи Фенербахче со 4:1. Потсетуваме, Руни не беше во стартната постава во Премиер лигата последните три натпревари, а последниот старт го имаше во поразот против Вотфорд.