ОФИЦИЈАЛНО: Андре Кариљо на едногодишна позајмица во Ватфорд


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


 

Играчот кој е под договор со Бенфика денеска ги помина медицинските прегледи и отиде на едногодишна позајмица во тимот на Ватфорд.

 

Перуанскиот репрезентативец Андре Кариљо се согласи да отиде на едногодишна позајмица во тимот на Ватфорд, каде ќе се приклучи на составот кој летово веќе донесе неколку значителни засилувања.

Андре Кариљо игра на позицијата десно крило и тој е исклучително брз и продорен играч. Од тимот на Ватфорд очекуваат Кариљо брзо да се привикне на играта во Премиер Лигата и се надеваат дека може да се покаже како големо засилување.

 

Во минатата сезона тој имаше 20 настапи за Бенфика и притоа постигна 2 гола.