Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По кратката авантура во кинеската лига, турскиот ас Бурак Јилмаз се враќа во Турција. Ова го потврди неговиот досегашен клуб Пекинг Синобо Гуоан.
Бурак Јилмаз се враќа во Трабзонспор, клубот каде го изгради своето име како најдобар напаѓач во Турција. Неговата авантура во кинеската лига траеше само година ипол. Иако поголемиот дел од настапите за тимот на Пекинг СГ му беа импресивни, тој сепак реши дека сака да се врати дома.
Висината на трансферот изнесува околу 4 милиони евра и ова ќе биде вторпат во кариерата Јилмаз да го облече дресот на Трабзонспор.
Бурак Јилмаз има играно за четирите најуспешни клубови во Турција: Галатасарај, Фенербахче, Бешикташ и Трабзонспор. Во 251 настап во домашната лига тој има постигнато 135 гола.