Официјално: Дик Адвокат нов селектор на Холандија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалскиот сојуз на Холандија потврди денеска дека го именуваше Дик Адвокат за нов селектор на репрезентацијата на таа земја.

Асистент на Адвокат во националниот тим ќе биде Руд Гулит.

Холандија е без селектор од март кога Дани Блинд доби отказ после поразот од Бугарија во квалификациите за СП во 2018 година.

Адвокат веќе беше на клупата на Холандија, од 1992 до 1994 година и од 2002 до 2004 година.

Тој во кариерата ги предводеше и селекциите на Србија, Русија, Белгија, Соединетите Арапски Емирати и Јужна Кореја.

Од клубовите ги водеше, меѓу останатите, ПСВ, Борусија Мехенгладбах, Зенит, АЗ Алкамр, Сандерленд и Фенербахче.

Репрезентацијата на Холандија после пет одиграни натпревари е на четвртото место од Група А од квалификациите за СП во Русија со седум освоени бодови.