Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Минатогодишниот шампион на Премиер Лигата, тимот на Челзи, потврди дека Марио Пашалиќ потпишал нов четиригодишен договор со клубот од Стемфорд Бриџ и во истиот момент се согласил да оди на позајмица.
Младиот хрватски играч за врска наредната сезона ќе ја помине на позајмица во руската лига, во тимот на Спартак Москва. Ова е четврта позајмица за Пашалиќ во последните три години, откако претходно беше позајмен на Елче, Монако и Милан.
Пашалиќ е убеден дека сака да остане во Челзи и смета дека неговата иднина е на Стемфорд Бриџ. Сепак, тој не импресионираше на претходните позајмици и баш затоа потпишувањето на новиот договор доаѓа како изненадување.
Марио Пашалиќ е 23-годишен хрватски фудбалер од средниот ред кој има 2 настапи за сениорската репрезентација на Хрватска.