Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тимовите на Кливленд Кавалирс и Бостон Селтикс договорија бомбастичен трејд кој се базираше на Кајри Ирвинг и Ајзеа Томас. Кајри Ирвинг и официјално е нов играч на Бостон Селтикс.
Кајри Ирвинг уште од минатиот месец побара да биде трејдуван во друга екипа и тоа конечно се случи. Тој беше трејдуван во екипата на Бостон Селтикс, а Кливленд за возврат ги добиваат Ајзеа Томас, Џеј Краудер, Анте Жижиќ и пикот од прва рунда од екипата на Бруклин Нетс.
Ова е трејд кој ретко се гледа, трејд помеѓу две ривалски екипи. Сепак, останува впечатокот дека Селтикси го добија најдобриот играч во трејдот ама се откажаа од голем дел од ротацијата.