Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимот на Манчестер Сити, денеска на својата официјана веб страница објави дека го ангажирале Данило, бекот кој пристигнува од Реал Мадрид за сума од 30 милиони евра.
„Имаше интерес и од други клубови, но моите амбиции од секогаш биле да играм под водство на Пеп Гуардиола“ – изјави Данило по потпишувањето.
„Штом слушнав за интерсеот од Сити, во истиот момент посакав да му се приклучам“.
Шпанскиот весник Марка пренесува дека Гуардиола бил клучниот човек за реализирање на овој трансфер, бидејќи му рекол на Данило дека Сити е најдоброто место за неговата кариера и таму тој ќе може да напредува.