ОФИЦИЈАЛНО: Марсеј го потпиша Костас Митроглу


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

Поранешниот напаѓач на Олимпијакос во потрага по нова авантура го засили тимот на Олимпик Марсеј.

 

29-годишниот грчки напаѓач Костас Митроглу е нов член на Олимпик Марсеј откако на последниот ден од преодниот рок тој реши да го напушти тимот на Бенфика и да се пресели во француската лига.

Тој падна во втор план во составот на Бенфика откако летово португалскиот тим се засили со Харис Сеферовиќ.

 

Марсеј ќе биде третиот тим кој Митроглу го менува во три години, откако претходно беше член и на Фулам и Бенфика.