Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лос Анџелес Клиперс ја проширија ротацијата во тимот со уште еден млад и перспективен центар.
Станува збор за 25-годишниот Маршал Пламли, кој е поранешен играч на тимот на Њу Јорк Никс. Откако беше недрафтуван на минатогодишниот драфт, тој потпиша со Никс и во сезоната одигра 21 натпревар во кој имаше учинок од 2 поени и 2.4 скокови по натпревар.
Маршал Пламли со ова станува третиот центар во ротацијата на Клиперси а пред него за место во тимот ќе се борат уште и Деандре Џордан и Вили Рид.