Официјално: Милан го доведе и второто засилување, сега следи бомба!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Прегледите веќе почнаа, во текот на утрешниот ден потпис, Росонерите се веќе активни на стартот на преодниот рок.

Во последниот понеделник изгледа стигнува засилување на летото!

Експлодираше во оваа сезона во Аталанта, споменуван е Јувентус, но шампионот не сакаше да ја плати оштетата која ја бараше клубот од Бергамо.

Рома го договори трансферот, но играчот сакаше во Милан и на крајот го истера своето.

Френк Кеси, одличниот играч за врска ќе ја наполни касата на клубот од Бергамо, нема далеку, близина на Милано.

Сумата е 28 милиони евра плус бонуси, новите сопственици на Росонерите веројатно го претплатија Кеси во желбата да го освежат средниот ред каде што Монтела виде голем проблем во текот на сезоната.

Интернационалецот од БСК кој може да игра и во офанзивата ќе заработува блиску 2 милиони евра по сезона.

Тој е второро засилување на Милан, во минатиот понеделнок стигна Аргентинецот Мусачо, а следниот ќе биде Рикардо Родригез, швајцарски репрезентативец кој до крајот на неделата треба од Волфсбург да се пресели во Милан.

Сепак, тоа што е многу поважно, според пишувањата на италијанските медиуми, е завршена работата со Алваро Мората.

Шпанецот се реши, сака назад во Италија, Кинезте се спремни да платат 60 милиони евра во рати на Реал и да го доведат сигурно најголемото засилување во ова лето.

За Мората е спремен договор од околу 8 милиони по сезона со што ќе стане најплатен играч во Серија А!

Овие четири засилувања треба да бидат доволни да го убедат Раиола за Донарума да потпише нов договор со Милан!