Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лејкерси го сакаа Џорџ. Џорџ ги сакаше Лејкерси, но денешниот ден ги шокираше сите во НБА лигата, кога донзнаа дека ѕвездата на Индијана е трејдувана во Оклахома.
Овде Пол Џорџ немаше многу удел во овој трејд, откако тој јавно изјави дека на крајот од неговиот договор тој нема да потпише продолжување, тимот сакаше барем да добие нешто вредно, а ги доби Виктор Оладипо и Сабонис кој заминаа во обратна насока.
Времето на Џорџ во Индијана полека изминуваше, а сее споменуваа Кливленд, Бостон, Јута, па дури и Голден Стејт, како негови следни дестинации, но на крајот главната ѕвезда на Пејсерси заврши во Оклахома кај Расел Вестбрук.
Оваа лето можеби е најлудото и најтурбулентно, кога се во прашање трејдовите во НБА Лигата, откако пред некој ден Крис Пол, замина кај Џејмс Харедн во Хјустон, Двајт Хауард во Хорнетс, денес Џорџ му се приклучи на овогодинешниот МВП, Вестбрук.